Сагата околу враќањето на Конор Мек Грегор во октагонот продолжува. Дана Вајт неодамна изјави дека „Озлогласениот“ нема да се врати во ММА кафезот оваа година, но Ирецот има поинакво мислење за ова прашање и не го остава на мира шефот на УФЦ.
Мек Грегор е поранешен двократен шампион на УФЦ кој не се борел во октагонот 3 години. Неодамна, во јуни оваа година, требаше да се врати во кафезот на УФЦ 303, но го скрши малиот прст и не можеше да се соочи со Мајкл Чендлер на закажаниот датум.
Пред неколку дена Вајт изјави дека оваа година Ирецот нема да го видиме на дело, но самиот Мек Грегор има поинакво мислење за оваа работа. Во разговор со Арон Бронстетер, Дана призна дека Конор му пречи и му се јавува во последните неколку дена, уверувајќи го во подготвеноста за борба.
„По она што го кажав, Конор Мек Грегор не ме остави на мира. Ми се јави и ми рече дека ќе се бори оваа година. Кога ќе дојдеме до моментот кога ќе му ја договараме борбата, а верувам дека тоа ќе се случи, ќе го објавам тоа.
Во моментов не верувам дека ќе се врати во кафезот оваа година. Мек Грегор вели дека ја сака борбата во декември оваа година. Ќе видиме како сето тоа ќе се одвива“, изјави Вајт.
View this post on Instagram