Вајт: Конор сака реванш со Хабиб што е можно побрзо

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор, ќе се врати во кафезот на 18 јануари во Вегас. Тој ќе се бори против Доналд Цероне во полусредна категорија, а неговата одлука дефинитивно ги изненади навивачите. Мек Грегор инсистираше на реваншот со Хабиб, но не го доби и сите очекуваа да се бори во лесна категорија за да си ја заработи шансата за титулата.

Сепак, тоа нема да се случи затоа што Ирцот не сака симнува килажа на две последователни средби. Ќе се бори во средна категорија, но сепак ќе инсистира на шанса против Хабиб доколку победи против Цероне.

Дана Вајт изјави дека Конор сака да се бори против Хабиб што е можно побрзо и веројатно ќе ги победи натпреварувачите во лесна категорија, ако го победи Каубојот во главната битка на УФЦ 246. Вајт изјави дека е подготвен за реванш, но Хабиб и Конор треба да ги победат своите противници на средбите што следуваат.

„Конор ќе се бори во средна категорија во следната борба, затоа што не сака да симнува килограми за лесна категорија. Тој и Цероне веќе имаа битки во полусредна. Конор се надева дека ќе го победи Доналд и потоа ќе се бори против Хабиб што е можно побрзо.

Ќе се бори во средна категорија затоа што не сака два пати симнува килажа за лесна категорија. Конор ми рече дека сака борба и со Масвидал. Ќе видиме што ќе се случува.

Конор треба да го победи Цероне, што нема да му биде лесно во полусредна категорија. Хабиб, од своја страна, мора да го победи Тони, а потоа мислам дека можеме да направиме реванш“, рече Вајт.

https://www.instagram.com/p/B5tGEM3JHYj/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON