Дана Вајт потврди дека УФЦ ќе му ја одземе титулата на Конор Мек Грегор во лесна категорија.
29-годишниот Ирец појасот гоосвои со нокаут во втората рунда против Еди Алварез во ноември 2016 година, а ниту еднаш не ја бранеше титулата, како што ниту еднаш не ја бранеше и титулата во перолесна категорија.
Во разговор за ТМЗ претседателот на УФЦ рече дека веќе тоа го изјавил на прес-конференција за УФЦ 223 кој ќе се одржи во Њујорк на 7 април. Хабиб Нурмагомедов и привремениот шампион Тони Фергусон ќе се борат за слободната титула.
„Ова е она што го реков на последната прес-конференција дека оваа борба ќе биде за титулата, а не за привремена титула“.
Запрашан дали тоа значи дека на Мек Грегор ќе му биде одземена титула, тој одговори: Тоа е точно.
Вајт изјави дека „Ноториус“ разбира зошто УФЦ се одлучил на тој потег.
„Дали е возбуден? Не, Конор разбира. Конор заработи многу пари, сака да направи мала пауза, но натпреварувањето во категоријата мора да продолжи и работата мора да продолжи“.
Претседателот на УФЦ изјави дека би сакал Ирецот да бори со подобриот од пресметката на Нурмагомедов и Фергусон, но исто така и најави дека постои можност Мек Грегор никогаш повеќе да не се бори.
„Прво рече дека би се вратил во август, потоа во септември. Јас постојано зборувам: Кога ќе заработите толку пари … Конор можеби никогаш нема да се врати. Тоа се многу пари“.
Вајт изјави и дека Флојд Мејведер не е прерговори со УФЦ.