Шефот на УФЦ, Дана Вајт, ја појасни ситуацијата околу поранешниот шампион Конор Мек Грегор и неговото враќање во рингот.
Пред неколку дена Ирецот најави дека ќе се бори на гала настанот УФЦ 200 на 9 јули, но Вајт го негира тоа.
„Вистината е дека се планира неговото враќање, но не за следниот гала настан. Туку, сигурно нема да се бори на УФЦ 200, но можеби на УФЦ 201, УФЦ 202 или УФЦ 203“, изјави Дана Вајт.
На завчершаната прес-конференција за јубилејното шоу УФЦ 200, што ќе се одржи на 9 јули во Лас Вегас. Во главната средба во реванш меш ќе се сретнат шампионот на УФЦ во лесно-тешка категорија Даниел Кормиер (17 – 1) и „привремениот“ шампион Џон Џонс (22 – 1).
Како загревање за главниот меч, Хозе Алдо (25 – 2) и Френки Едгар (20 – 4 – 1) ќе се борат за „привремената“ титула во перо категорија, а шампионката во бантам категорија, Миша Тејт (18 – 5), ќе ја има првата одбрана на титулата против Аманда Нуњеш (12 – 4).