Вајт ја дигна кочницата! Нуњеш не може по стапките на Мек Грегор!

Vajt Nunes Mekgregor

Шампионката на УФЦ во банатам категорија, Аманда Нуњеш, ги има „аспирациите на Мек Грегор“и сака да стане првата жена во УФЦ, кој истовремено ги држи титулите во две категории.

„Лавицата“ на УФЦ 207 на крајот на декември ја нокаутира поранешната кралица на женското МЛД, Ронда Русеј, по што му фрли око женскиот појас во перолесна категорија кој ќе ја добие првата носителкаовој месец на УФЦ 208.

Меѓутоа, еден е Конор Мек Грегор, и претседателот на УФЦ, Дана Вајт, во блиска иднина не планира да и одговори на желбата на Бразилката.

„Да ја подигнеме сопирачката (кочницата), да ја подигнеме сопирачката, ајде прво да ја одбраниме титулата“, рече Вајт на прес-конференција за УФЦ на Фокс 23 во Денвер. „Прво нека ј одбрани титулата. Уште не ја одбранила титулата. Деновиве сите сакаат да скокаат наоколу. Мораме да почнеме да ги подигаме сопирачките“.

Нуњеш против Русеј всушност и ја одбрани титулата, но без оглед тоа, Вајт за неа го планира реваншот со Валентина Шевченко, која минатиот викенд во Денвер ја победи Жулијана Пења за првата предизвикувачка во бантам категорија.

Освен Нуњеш, шампион и друга УФЦ првенка сака да влезе во историјата на женското ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО