Вајт го соопшти следниот противник на Хабиб Нурмагомедов

Хабиб Нурмагомедов, шампионот во лесна категорија, го дозна името на неговиот нареден противник.

Дастин Пориер го победи Макс Холовеј и обезбеди борба со шампионот Нурмагомеов, а тоа го потврди и Дана Вајт – претседателот на УФЦ.

„Да, тоа е идната борба. Пориер ќе се бори против Хабиб, а тоа најверојатно ќе се случи во септември“, изјави Вајт.

Нурмагомедов во октомври минатата година го совлада Конор Мек Грегор.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON