Вајт: Џошуа ќе го сопре Усик меѓу петтата и седмата рунда

Дилиeн Вајт верува дека неговиот сонародник Ентони Џошуа успешно ќе ги одбрани светските титули во тешка категорија во пресметката со Александар Усик.

„Џошуа ќе го запре во петтата, шестата или седмата рунда. Усик ќе започне брзо, а Џошуа ќе биде повнимателен, бидејќи Усик има обратен гард и е полесен“, изјави Вајт за БиБиСи 5 лајв, пренесува „ДАЗН“.

Усик и Џошуа ќе се сретнат на 25 септември во судир на два олимписки шампиони. Мечот ќе се одржи на стадионот на фудбалскиот тим Тотенхем.

„Џошуа, исто така, понекогаш нема доверба во битка каде што може да биде фатен. Но, е добар боксер. Се надевам дека ќе го покаже своето претходно јас и ќе почне да врши притисок врз Усик, поголем и посилен. Тогаш Џошуа ќе почне да го притиска и удира. Мислам дека може брзо да ја заврши работата.

Усик е добар и агресивен левичар. Сака да го диктира текот на битката, но Џошуа има висина, растег на рацете и моќ. Ако Џошуа сака да го наметне својот ритам, тогаш може да постигне брз нокаут. Но, ако сака да докаже дека е подобар од Усик како боксер, тогаш мислам дека ќе му биде тешко“, додаде Вајт.

Самиот Вајт веќе има противник и закажан меч за неговиот следен натпревар во рингот. Британецот ќе се пресметува со Швеѓанецот Ото Валин на 30 октомври во арената О2 во Лондон, Англија. Мечот ќе биде во тешка категорија бидејќи Вајт ќе го брани појасот на ВБЦ како „привремен шампион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON