Вајт: Ако Џонс е подготвен реваншот со Кормиер е на УФЦ 214

Откако Даниел Кормиер по втор пат го победи Ентони Џонсон и ја одбрани шампионската титулаа на УФЦ, многу очекува дека му следува реванш со Џон Џонс.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, за ЕСПН ја објасни ситуацијата. Реваншот меѓу ДК и Џонс може да се случи на УФЦ 214, ако поранешниот шампион е подготвен до 29 јули

Џонс во моментов е под едногодишна суспензија поради падот на допинг тестот, која му истекува во почетокот на јули.

„Кормиер може да се бори на 8 јули, но тоа не му одговара на Џон Џонс. Кормиер веќе ми соопшти дека е подготвена да се бори и со Џонс и со Манува. Ако Џон Џонс е подготвен за борба на 29 јули, на крајот ќе го видиме реваншот помеѓу Џонс и Кормиер“.

Тој додаде дека ако на Џонс му треба повеќе време за следната можност да се бори за појас ќе го добие Џими Манува.

Џонс го победи ДК со едногласна одлука на судиите во јануари 2015 година и му го нанесе единствениот пораз во ММА кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON