Вајлдер уште еднаш го обвини Фјури дека е меѓу најголемите измамници во историјата на боксот

По повеќе од година ипол, Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер повторно ќе влезат во рингот еден против друг. Бронзениот бомбардер ќе се обиде да го врати шампионскиот во тешка категорија на ВБЦ, кој го загуби минатиот февруари од Кралот на Ромите, на 9 октомври во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.

Тоа ќе биде нивни трет дуел, првиот меч одржан во декември 2018 година заврши нерешено.

Дионтеј Вајлдер и неговиот брат Марселос го обвинија Фјури за мамење по вториот дуел, а двајцата во изјавите посочија дека Фјури имал цврст предмет во ракавицата.

„По лекарскиот преглед, утврдено е дека Дионтеј има депресија на страната на главата. Таа повреда настана за време на последната борба, а беше погоден со тврд предмет. Ниту една ракавица или тупаница не може да го направи тоа. Кралот повторно ќе воскресне“, рече Марселос Вајлдер.

Бронзениот бомбардер неодамна повторно го спомна Фјури и го потсети дека користел недозволени средства во текот на неговата кариера.

Ромскиот крал имаше проблеми со допингот во 2016 година, а анаболичкиот стероид нандролон беше пронајден во неговата крв. Тој падна и на допинг тестови поради употреба на кокаин.

„Фјури е меѓу најголемите измамници во историјата на боксот. Секој мавта со раката и никој не се грижи. Но, можам да ги погледнам луѓето во лице. Мојата кариера нема ниту една дамка и направив се што треба да направам на вистински начин“, подвлече Дионтеј Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON