Борбата за титулата светски шампион меѓу Дионтеј Вајлдер (40-0-1, 39 КО) и Тајсон Фјури (27-0-1, 19 КО) во Лос Анџелес заврши без победник.
Иако Фјури два пати заврши на грбот, убедливо доби голем број на рунди.
Судиите донесоа поделена одлука 115-111 за Вајлдер, 114-110 за Фјури и 113-113.
Веројатно, грешките го чинеа победа, бидејќи Британецот практично доминираше во 10 од 12 рунди.
Затоа и на судиите им беше тешко да одлучат кој е победник. Да не беа тие нокаутите, без дилема ќе победеше.
Се чинеше дека Американецот ќе дојде до триумфот во самиот финиш на мечот кога следуваше силен удар со десната, а потоа и кроше со левата рака.
Меѓутоа, Фјури не само што стануваше, туку и доаѓаше во позиција пред гонгот уште еднаш раздрма Вајлдер.
Многуте новинари од мечот се согласни дека Фјури покажа дел од онаа борба од пред три години кога во Германија го совлада Владимир Кличко. Да потсетиме, во меѓувреме се бореше со алкохол и депресија, одземени му се сите појаси, но изгледа конечно се врати.
https://twitter.com/nealcol/status/1069102885097623553?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1069102885097623553&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2Fdrugi-sportovi%2Fostanato%2Fspektakl-bez-pobednik-fjuri-dvapati-nokautiran-no-dominirashe-vo-10-rundi
Тоа значи дека наскоро ќе имам реванш за ВБЦ појасот кој се уште останува кај Вајлдер, се шпекулира дека мечот ќе се одржи на Вембли.
https://twitter.com/barstooltweetss/status/1069105348529799168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1069105348529799168&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2Fdrugi-sportovi%2Fostanato%2Fspektakl-bez-pobednik-fjuri-dvapati-nokautiran-no-dominirashe-vo-10-rundi
Wilder throat slash…
Fury got up from this. pic.twitter.com/mMUhtLRZZr
— Cole Cubelic (@colecubelic) December 2, 2018
https://twitter.com/thedaddy4737/status/1069095307798110208?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1069095307798110208&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2Fdrugi-sportovi%2Fostanato%2Fspektakl-bez-pobednik-fjuri-dvapati-nokautiran-no-dominirashe-vo-10-rundi
.