Дионтеј Вајлдер се огласи на социјалните мрежи откако минатата недела беше поразен од Тајсон Фјури во мечот за шампион во тешка категорија на ВБЦ.
Фјури од почетокот на дуелот доминираше и победи во седмата рунда, откако тренерот на Вајлдер го прекина мечот.
Вајлдер првпат по поразот се огласи на социјалните мрежи и порача дека ќе ја активира опцијата за реванш против Фјури.
„Само сакам да знаете дека сум тука. Вашиот крал е тука и војната почнува. Силен сум и никој не може да ми ја земе гордоста. Јас сум војник и крал, кој никогаш нема да се откаже. Ќе се бориме да ја вратиме титулата“, порача Вајлдер.