Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, планриа следниот меч да го одржи во текот на летото, иако се уште не се знае што ќе се случи со најавената средба со Александар Поветкин, кој беше одложен поради допинг скандал.
Американецот е решен дека нема да остане без работа. Последниот збор сепак го има раководството на ВБЦ.