Поранешниот шампион во тешка категорија Дионтеј Вајлдер почна да расчистува со сите што ги смета за предавници од својот тим.
Вајлдер го претрпе првиот пораз во февруари кога беше поразен од Тајсон Фјури во Лас Вегас.
По поразот, Американецот изјави дека ги видел вистинските лица на некои луѓе во неговиот тим.
Како и секој борец од калибар Вајлдер, тој има голема придружба – но бројот на луѓе околу него ќе се намали.
„Ќе се ослободам од сите предавници и лицемери. Сето ова ми овозможи да истражувам подлабоко и да видам што се случуваше.
Можеби имате многу кул луѓе околу вас, но не можете да ја контролирате зависта на луѓето. Мислите дека луѓето се задоволни со вас, но секој го сака она што го имате, а во исто време, не се подготвени да жртвуваат онолку колку што жртвувате. Луѓето завидуваат на работи што не можат да ги имаат и морам да променам некои работи“.
По поразот, Вајлдер доби и многу предлози од други луѓе кои посакаа да му помогнат да ја подобри борбата и да му се придружат на неговиот тим.
„Многу луѓе ми дадоа такви предлози, но морам да бидам многу внимателен со тоа затоа што некои сакаат публицитет.
Боксот е валкан бизнис и мора да бидете многу внимателни. Тоа е корумпиран спорт, мора да бидете внимателни со луѓето и нивните намери, особено ако претходно не биле со вас.
Боксот е бизнис како и секој друг – мора да им верувате на другите луѓе и ова е најтешкиот дел. Ќе доведам две лица во мојот камп. Еден од нив секогаш доаѓаше од време на време. Ќе формирам тим и сè ќе се врати во нормала“.