Дионтеј Вајлдер, кој е поранешен ВБЦ светски шампион во тешка категорија, е амбициозен да направи соодветно враќање во рингот!
Потсетуваме, 37-годишниот Американец ќе влезе во рингот по околу една година отсуство. Негов прв противник по губењето на светската титула од Тајсон Фјури ќе биде Роберт Хелениус, а двајцата ќе се соочат на главниот настан на боксерската гала што ќе се одржи во сабота на 15 октомври во Баркли центарот во Бруклин, САД.
„Се чуствувам добро. Сега сум во поинаква позиција од порано. И едноставно е прекрасно чувството да се биде на позицијата на која сум. Немам никаков притисок“, изјави боксерот за време на неодамнешниот тренинг на медиумите во Лас Вегас.
Тренерот на Вајлдер, Малик Скот, рече дека освојувачот на бронзениот медал на Олимписките игри во тешка категорија во 2008 година тренирал 500 рунди само на подлога и 500 рунди бокс во сенка додека се подготвувал за Хелениус.
„Ние правевме 30 или 40 рунди без ринг. Единствениот пат кога пијам вода е за време на одмор. Правам вакви работи само за да се предизвикам себеси.
Правам работи што никогаш порано не сум ги правел или кои навистина не се прават во боксот. Сакав да видам како моето тело се прилагодува на долгото време без одмор. Кога можете долго време без пауза, тогаш сте во форма“, изјави Вајлдер.
Потсетуваме дека Дионтеј Вајлдер го држеше појасот на Светскиот боксерски совет во периодот од 2015 до 2021 година. Во овој период, „Бронзениот бомбардер“ го одбрани трофејот вкупно 10 пати, израмнувајќи се со Мухамед Али по бројот на одбрани за петтата најдолга серија во историјата на тешка категорија!