Вајлдер порача дека ќе се обиде да го убие Фјури

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер сака да го убие Тајсон Фјури во третата борба кон крајот на јули во САД. Пред неколку дена на прес-конференција застанаа лице в лице и не го свртеа погледот повеќе од 6 минути. Напнатоста беше опиплива, а Вајлдер рече дека не сака да прави циркуси пред средбата.

Порано „Бронзениот бомбардер“ често велеше дека сака да убие боксер во рингот. Ова му донесе многу критики, но и покрај критиките, Вајлдер сепак го сака тоа. На почетокот на минатата година во нивната втора борба Вајлдер сериозно загуби од Фјури. Тој сè уште верува дека Фјури измамил и имал скриено оружје во ракавиците.

Не чека многу интересна трета битка, во која Вајлдер ќе го бара убиството.

„Сакам да направам повеќе отколку само да го нокаутирам. Луѓето знаат за што зборувам. Мислам дека Тајсон Фјури е личноста што ја задоволува мојата жед за една работа. Ако си мој обожавател и ме следеше со години, тогаш се сеќаваш за што зборувам.

Ќе му дозволам на Фјури да го направи циркусот пред борбата. Ќе му дозволам тој да ја прави рекламата“, изјави Дионтеј во интервју за американски медиуми.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON