Вајлдер: Почнав со бокс за да и помогнам на болната ќерка

Легендата на американскиот бокс Дионтеј Вајлдер не е сигурен што ќе се случи со неговата кариера. „Бронзениот бомбардер“ учествуваше во „Студен како мадиња“ со Кевин Харт и откри интересни факти. 36-годишниот ветеран почнал да боксира на 21 година.

Немаше поим од бокс и на почетокот на кариерата беше последен на сите топ листи. Вајлдер и ветил на својата болна ќерка дека ќе стане шампион и ќе заработи пари за да и помогне.

На крајот, Вајлдер ја постигна својата цел и стана шампион во тешка категорија на ВБЦ со 10 последователни бранители на титули. До денес има рекордни 42-2-1 во бокс и 41 победа со нокаут. Два пати загуби со нокаут од Тајсон Фјури и веќе размислува да го прекине боксот.

„Почнав да боксирам на 21 година. Доста доцна. Почнав без да знам ништо за боксот. Почнав поради ќерка ми, која беше болна. Таа сега има 16 години. Таа е родена со болест која претставува дупки во ‘рбетот. Повеќето такви деца се парализирани и во инвалидска количка.

Мојата ќерка беше благословена и не само што одеше, туку и трчаше. Ме мотивираше да станам најдобар и сакав да заработам пари. Бев борец кој дојде од никаде. Никој не ме познаваше. Последен бев на листата од 284 боксери. Бев боксер со најмалку искуство на Олимпијадата.

Ги почитувам Мајк Тајсон, Рој Џонс, Ивандер Холифилд. Меѓутоа, кога станува збор за боксот, Мухамед Али отсекогаш бил најдобар за мене. Не само што беше одличен боксер, туку остави трага и во рингот. Боксот е спорт кој те избира тебе. Не го бираш ти него, тој те бира тебе.

Нема време за одмор кога си шампион. Секој сака да биде на твое место. Веќе ги постигнав моите цели во спортот. На ќерка ми и кажав дека ќе станам шампион и ќе се грижам за неа. Успеав. Јас веќе докажав сè. Сега треба да одлучам дали да се обидам повторно или само да се повлечам“, рече Вајлдер кај Кевин Харт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON