Вајлдер: Не знам што се случи

Деонтеј Вајлдер по поразот од Тајсон Фјури мораше да биде пренесен во болница во Лас Вегас на медицински прегледи. 

Американецот доби брутален нокаут во 11.рунда по што не можеше да се подигне од подот во рингот. Покажа дека е лош губитник и не му покажа никаква почит на својот ривал. Според првичните информации Вајлдер нема посериозни повреди по борбата, но имаше краток коментар на случувањата во рингот.

„Дадов сè од себе, но тоа едноствано не беше доволно добро вечерва“, рече Вајлдер. „Не сум сигурен што се случи. Знам дека при неговата подготовка за борбата направи одредени работи и исто така знаев дека не доаѓа толку тежок за да биде балетан. Дојде за да се потпира на мене, да ме тепа и тоа му успеа“, искоментира Американецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON