Вајлдер му порача на Руиз: Ако ја прифати борбата, по неа веќе нема да постои во светот на боксот

Разговорот за мечот Дионтеј Вајлдер-Енди Руиз Јуниор заврши во ќорсокак откако Бронзениот бомбардер понуди да ги поделат хонорарите 70-30 во негова корист.

Наводно, договорите се сложени, но Руиз се уште не сака да го стави својот потпис на хартија.

Тренерот на Вајлдер, Малик Скот, пред неколку дена изјави дека „заработката не може да се подели 50-50, бидејќи Енди е преценет“.

„Навивачите сакаат да го видат Вајлдер како му ја одзема главата на Руиз како што им правеше на многу други борци. А тогаш тоа се продава“, истакна Малик Скот и додаде дека Вајлдер ладнокрвно ќе го нокаутира Енди.

А Бронзениот бомбардер отиде уште подалеку, исмејувајќи го својот потенцијален противник.

„Енди беше шампион додека трепнеш“, рече Дионтеј Вајлдер и продолжи:

„Пет години бев шампион и десет пати ја бранев титулата, а тоа е голема разлика. Јас сум силен и кога се борам луѓето седат на работ од столчето и уживаат во мојот талент. А што е Енди? Низок и дебел борец со раце како Т-Рекс. Никој не го доживува посебно. Ако ја прифати борбата, по неа повеќе нема да постои во светот на боксот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON