Вајлдер: Лесно би можел да го соборам рекордот на Мејведер од 50-0

Дионтеј Вајлдер (39-0, 38 КО) верува дека лесно може да го собори рекордот на Мејведер со 50 победи и 0 порази.

Мејведер со победата во август против дебитантот во професионалниот бокс Конор Мек Грегор го надмина рекордот на Роки Марчијано со скор 49-0.

Вајлдер, кој осум години е помлад од Мјуведер, својата 40 борба би требало да ја има на 3 март со Луиза Ортиз во Њујорк.

Тоа ќе му биде седма одбрана на ВБЦ титулата во тешка категорија.

Ако победи, се очекува меч за обединување со победникот од борбата меѓу Ентони Џошуа и Џозеф Паркер закажан за 31 март.

„Можноста за соборување на рекордот на Мејведер ми го спомнаа луѓето околу мене. Ме натера малку да размислам околу тоа. Овие постигнувања … ако ги зацртам како своја цел дефинитивно ќе се случи. Ја само што влегувам во најдобриот период од кариерата. Штотуку влегов на вратата. Завладеав со мојот занает. Знам сè за себе во рингот“, изјави тој за Јаху спорт.

„А кога ќе имаат моќ тоа ја прави големата разлика. Многумина мислат дека јас само се потпирам на мојата сила, но не мора да се потпирам на нешто што ми доаѓа природно … тоа доаѓа природно. Тие цели сигурно  ќе бидат остварени. Тоа не е нешто по што трчам, а би изгледало убаво во мојата биографија. По ѓаволкоите, би можел дури да го надминам рекордот на Џорџ Формен и да бидам најстариот шампион во историјата на тешката категорија“.

Од активните боксер во моментов блиску до израмнување на рекордот на Мејведер е ВБЦ шампионот во минималната категорија Ванхенг Менајотхин (Чајафон Монсри). По пет победи минатата година, 32-годишниот Тајланѓанец е 49-0, а 50-тата победа би можел да оставри против задолжителниот предизвикувач Лерој Естрада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON