Ремек делото на најдобриот „паунд фор паунд“ борец на денешницата прогласено за сабмишн на годината од ММА Фајтинг (ВИДЕО)

Во почетокот на октомври минатата година и и УФЦ 216 ни го донесоа една од најатрактивните финиши во историјата на ММА.

Деметриус Џонсон, најдобриот  паунд фор паунд борец на денешницата и апсолутен владетел на мува категорија на УФЦ, на 7 октомври во Лас Вегас го режираше спектакуларен лост на раката со кој го заврши со предизвикувачот на Реј Борг.

Токму овој потег што познатиот боречки портал MMA Fighting го избра како најдобар сабмишн во 2017 година.

Како игледаше завршницата на мечот во кој „Мајти Маус“ стигна до рекордот и 11 последователна одбрана на појасот можете да се потсетите во продолжение на статијата.

https://youtu.be/xsdqyXp36EM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО