Дионтеј Вајлдер (42-0-1, 41 КО) не се сомнева за своето место во историјата на тешката категорија.
„Кога ќе го оставам боксот, ќе бидам познат како најголем тешкаш на сите времиња, ако не боксер и точка. Тоа е мојата цел “, вели шампионот на ВБЦ.
„Кога ќе се пензионирам луѓето ќе се возбудат, затоа што ќе сакаат уште. Се обидувам да им овозможам многу работи додека се уште сум тука. Затоа им велам: Донеси ми сега рози. Сакајте ме сега. Затоа што сум најдобриот со кој некогаш се занимавал со ова. Јас сум најсилниот удирач во историјата на боксот“.
34-годишниот Американец на 22 февруари во Лас Вегас во реваншот со Тајсон Фјури го брани појасот на ВБЦ по 11-ти пат.
„Оваа борба само ќе додаде уште нешто на мојата оставнина. Сметам дека Фјури е еден од најдобрите во тешка категорија. Ќе биде фантастично кога ќе го нокаутирам и ќе го додадам во моето резиме. Нема друг борец покрај него со кого би сакал да се борам во овој момент и тој го прифати предизвикот. Среќен сум што сум во оваа позиција. Тоа е она што им недостасува на моите луѓе. Ни недостасува љ-у-б-о-в, бејби. Нема ништо лошо во малку љубов. Љубовта е клучот. Се дружиме и се држиме заедно. Сите сме дел од една раса – човечката раса“.
Вајлдер е свесен за конкуренцијата во изборот на најдобар тешкаш на сите времиња за кого многумина сметаат дека тоа е Мухамед Али.
„Вие сведочите за величина. Ми останаа уште само 6 години, а кога ќе се пензионирам, некои луѓе ќе бидат лути ,затоа што нема да добијат задоволство“.