Повреда на Усик го одложува мечот со Чисора

Украинската боксерска ѕвезда во тешка категорија Александар Усик е повреден и нема да излезе на рингот на 28 март против Британецот Дерек Чисора на 28 март, пишува Ворлд боксинг њуз. Украинецот ги повреди лактот и затоа планираниот меч со поранешниот предизвикувач за титулата кај тешкашите ќе може да се одржи дури во мај.

Не е прв пат Украинецот да заработи побреда во очи на важен меч. Така на пример, ова се повреди и пред финалето на ВБСС/ WBSS против Мурат Гасиев. Слична беше ситуацијата и пред дебито во тешка категорија. Последниот меч на Усик беше во октомври минатата година, кога го порази Американецот Чез Витерспун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО