Поранешниот светски шампион во тешка категорија Дионтеј Вајлдер изјави дека ќе го избере Украинецот Александар Усик за следен противник доколку му се укаже можност.
„Да можам да бирам, би го избрал Усик. Тоа е само затоа што е шампион. Ако ми се укаже шанса, веднаш би ја искористил борбата за сите негови титули. Но, имам многу кул опции, можете да организирате кул битки. Ни претстои светла иднина“, изјави Вајлдер на Јутјуб каналот ЕСЊуз.
Во последната борба Усик се сретна со Ентони Џошуа и победи со поделена одлука (113-115, 115-113, 116-112).
Последната борба на Вајлдер беше против Финецот Роберт Хелениус. Дионтеј победи со нокаут на три секунди пред крајот на првата рунда.