Дионтеј Вајлдер (39-0, 38 КО) против Луис Ортиз (28-0, 24 КО) има намера да ги разувери критичарите.
ВБЦ шампионот жестоко е критикуван за изборот напротивници во 39-те професионални борби и многумина сметаат дека со таков избор на ривали не би требало да го држи појасот на шампион во тешка категорија.
За разлика од повеќето негови противници, 38-годишниот Кубанец е непоразен и се смета за достоен предизвик и најголема закана во неговата кариера.
Борбата се одржува овој викенд во Њујорк, а на Американецот тоа ќе му биде седма одбрана на ВБЦ титулата.
Вајлдер и Ортиз слично размислуваат за овој меч, велат дека на друг несомнено ќе бидат најтешкиот противник. „Бронзениот бомбардер“ најавува падот на кубанскиот „Кинг Конг“.
“Нечија 0 мора да си оди, а вие веќе знаете што доаѓам да направам. Јас сопствената приказна ја поткрепувам со дела. На Луис Ортиз е да докаже дека не сум во право. Има шанса да стане првиот првак на светот во тешка категорија од Куба. Тоа звучи добро, но пред него е голема задача. Го чека чудовиште. Го чека тип со убиствен инстинкт“, рече Вајлдер.
„Го чека човек кој не се плаши од ниту едно човечко суштество на Земјата, особено кога ќе влезете во џунглата во која сум цар. Јас сум лав во џунглата. Никогаш не се соочил со некој со такво педигре на убиец. Никогаш не се нашол во рингот со човек кој ќе му ја откине главата од рамењата“.
„Никогаш не бил во рингот со човек кој нема да штукне, кој нема да се помрдне ниту за педа. Не можам да дочекам. Се надевам дека спие добро. Се надевам дека зема минерали, протеини и своите лекови, бидејќи на 3 март го чека вистинска битка“.