Дионтеј Вајлдер (41-0-1, 40 КО) ветува нокаут на своите следни два меча.
Шампионот на ВБЦ во тешка категорија во ноември во десеттата одбрана на појасот по втор пат треба да се бори против Луис Ортиз кој веќе го нокаутира во март минатата година.
„Бронзениот бомбардер“ веќе го исцртал патот до титулата за неспорен шампион, затоа што ако се по планот против Кубанецот во февруари следната година би требало повторно да влезе во рингот со Тајсон Фјури.
„До борба со Ортиз дефинитивно ќе дојде. Се радувам што ќе се борам со него. Откако ќе го нокаутирам, одам на Фјури. Ќе го нокаутирам па одам на меч за повторно обединување“, изјави за Би-Би-Си.
„Кога ќе го решам Ортиз, ќе го решам Фјури. Ќе се справиме со тоа, но прво Ортиз“.
Вајлдер верува дека за титулата неприкосновен шампион ќе се бори со Енди Руиз, кој е како и тој под договор со ПБЦ.
На 7 декември Мексиканецот во Саудиска Арабија овторно се бори со Ентони Џошуа.
„Видов дека Џошуа целосно ја изгуби рамнотежата кога Руиз го удри во темпоралната коска. Не можешет да се опорави и заврши на подот четири пати. Кога се наоѓате во нова ситуација животот ви дава лекција за работата што ја работите. Во тој момент додека Џошуа ја вршеше својата работа, требаше да научи и да се извлече. Но, иако тогаш се сопна, тоа не значи дека повторно ќе се сопне, затоа што сега го доживеа тоа и може да да ги исправи грешките. Според мое мислење, Руиз повторно ќе победи. Мислам дека Џошуа не знае како изгуби, што значи дека нема да знае како да го постави трениг кампот на вистински начин. Но, сè е можно“.