Дионетј Вајлдер не го победи Александар Поветкин во рингот, но го доби на суд.
Промоторот Лу ди Бела објави на социјалните мрежи дека Федералниот суд во Менхетен донел пресуда во корист на Вајлдер во тужбата за прекршување на договорот против Поветкин и неговиот промотор Андреј Рјабински.
Вајлдер бараше отштета од 5 милиони долари поради, бидејќи борбата беше планирана за 21 мај, а беше откажан поради позитивен допинг тест на Поветкин на мелдониум.
Вајлдер за тој меч требаше да добие 4,5 милиони долари, по акцијата за поднесување на понуди која ја доби Рјабински. Тоа ќе муј биде рекордна заработувачка во кариерата.
Парите за борбата се чуваат на ескроу сметка се додека ситуацијата не се реши.
ВБЦ шампионот, исто така, присуствуваше на судењето, а на 25 февруари против Џералд Вашингтон ја има петата доброволна одбрана на титулата.
„Да се надеваме дека ова дополнително ќе ги обесхрабри корисниците на допингот. Правдата и фер играта во спортот денеска победија“, рече Ди бела за Бокс вести.
Поветкин и неговиот промотор повеќе од сигурно ќе поднесат жалба на пресудата.