Битката за титулата светски шампион во бокс во тешка категорија на Меѓународниот боксерски совет (ВБЦ) меѓу носителот на појасот Дионтеј Вајлдер и предизвикувачот Александар Поветкин ќе се одржи во Русија. Веста ја соопшти промоторот Андреј Рјабински.
„Имаше две варијанти. Едната е да победиме со многу пари, а другата да создадеме комфорни услови за Саша. Разумот ми рече да ја изберам втората и борбата ќе биде во Русија. Не знам кој ќе победи во овој меч, но сум мирен, бидејќи Саша ќе се чувствува добро за време на битката. Го направив она што зависи од мене. Со нетрпение го очекуваме гостувањето на Вајлдер и неговиот тим“, напиша Рјабински на Твитер.
Американецот Вајлдер има 36 победи (35 со нокаут) и ниту еден пораз на професионалниот ринг. Поветкин е со 30 победи (22 со нокаут) и еден пораз.