Вајлдер и Фјури потпишале договор за реванш за догодина

Долгоочекуваниот реванш меѓу двајцата водечки тешкачи Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури ќе се случи следната година. Боксерите потпишаа договор за борба, најави британскиот промотор Франк Ворен, иако не вети дека ќе ги прецизира датумот и местото.

https://twitter.com/espn/status/1173106496420364288?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1173106496420364288&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D805462

Според Ворен, сето тоа зависи од времето на закрепнување на Фјури кое му е потребно по суровата битка во 12 рунди против Ото Валин. Големо е верувањето дека Тајсон морал да помине преку сериозни тешкотии за да постигне победа, но судиските картони поинаку кажуваа (118-110, 117-111, 116-112).

„Нема да дозволам меч со Вајлдер ако Фјури не биде целосно опоравен, во спротивно сè е потпишано. Ќе видиме колку време ќе закрепнува, а Вајлдер има борба против Луис Ортиз и мора да ја добие. Сè може да се случи во судир како овој, го видовме тоа со Џошуа и Тајсон“, рече Ворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON