Дионтеј Вајлдер во саботата беше поразен од Тајсон Фјури во Лас Вегас со технички нокаут.
Американецот така ја изгуби ВБЦ титулата, а борбата ја прекина тренерот Марк Берланд кој одлучи во седмата рунда да го фрли пешкирот.
Меѓутоа, Вајлдер беше лут поради прекинот на борбата. Тој не му прости на Берланд и одлучи да го отпушти..
Тој повеќе нема да соработува со него. За новата пресметка со Фјури која веднаш ја најави ќе пронајде нов тренер и останува да видиме кој ќе биде тоа.
Вајлдер се одлучи да ја иксористи можноста за активирање на клазулата за реванш во договорот и новата борба со „Кралот на Ромите“ би требало да ја гледаме до крајот на оваа година.