Вајлдер е причината Фјури да биде нокаутиран во реваншот со Усик

Тајсон Фјури (34-1-1) го претрпе првиот пораз во кариерата кога во мај се сретна со Aлександaр Усик (22-0), за да го видиме првиот неприкосновен шампион во тешка категорија по децении.

Британецот за малку ќе беше нокаутиран во 9-тата рунда кога избрзаната реакција на судијата беше нокдаун во стоење за „Ромскиот крал“, а потоа дојде гонгот. Во реваншот, пак, можевме да го видиме и првиот нокаут за Фјури, а причината за тоа лежи главно во неговата трилогија со Дионтеј Вајлдер (43-4-1). Така барем тврди поранешниот шампион во категоријата – Хасим Рахман (50-9-2).

„Мислам дека Дионтеј Вајлдер ќе одигра голема улога во овој реванш меѓу Усик и Тајсон Фјури. Верувам дека Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури земаа сè еден од друг. Мислам дека и двајцата сега се школки на своето поранешно јас и мислам дека Усик ќе ја добие следната борба со нокаут“, изјави Рахман за Фајт хип.

Малкумина љубители на боречките спортови сфаќаат дека ударите што ги добиваат нивните миленици имаат негативен ефект на долг рок. Порано или подоцна, секој борец ја плаќа цената за својот успех, а се чини дека дојде времето за пресметка на Бронзениот бомбардер и Ромскиот крал.

Потсетуваме дека реваншот меѓу Усик и Фјури е закажан за 21 декември во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON