Дионтеј Вајлдер ќе се бори против Ентони Џошуа ако британскиот менаџер му понуди сооднос на заработувачката 40:60. Тоа е она што го кажа во интервју за американските медиуми.
Бронзениот бомбардер ја постигна 40-тата последователна победа пред 10 дена откако го нокаутира Луис Ортиз во 10-тата рунда. Така ја одбрани титулата на ВБЦ. Џошуа возврат ќе ја бара 21-та победа во обид да ги обедини појасите на ВБА, ИБФ ИБО со онаа на ВБО, која е во сопственост на Џозеф Паркер. Тие ќе се сретнат на 31 март во Кардиф.
„Херн многу зборува, но вистината е дека тој се плаши од оваа борба. Велат дека не сме се разбрале. Не постои такво нешто – никогаш не ми понудил да се сретнам со Џошуа. Зборува само за Дилиен Вајт. Па, како да го разберам тогаш?! Можев да освојам 4,5 милиони од мечот со Вајт, но не сакав. Сакам да се борам против Џошуа и да ви покажам дека сум најдобар. Нека понудат понуда, било да е и 40:60 во распределба на приходите, излегувам на рингот“, објави Вајлдер, кој заработи 2,1 милиони долари од победата над Ортиз.
Се очекува дека во борбата со Џошуа во игра ќе бидат речиси 20 милиони долари.