Допинг примерок на Дионтеј Вајлдер од неговиот последен меч против Крис Ареола е чист.
Американскиот нокаутер беше тестиран откако ја одбрани титулата на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во тешка категорија. Чудесниот физикус на тешкашот во комбинација со нокаутирачката моќ предизвикаа многу прашања меѓу навивачите и експертите, но Вајлдер повторно докажа дека не зема забранети супстанци. Тој ја забележа 37 победа (36 со нокаут) во кариерата. Единствената лоша вест за Вајлдер е дека ќе треба минимум четири месеци да паузира, затоа што ја скрши раката во мечот со Ареола.
„Погледнете ме, огромен сум и ги нокаутирам луѓето, а сурово ги повредувам без да користам допинг“, рече Вајлдер и додаде:„Можете ли да замислите што ќе се случи ако се имав напумпано“?
https://youtu.be/1bv5xMC6d3g