Вајлдер договори меч против финскиот удирач, во рингот ќе се врати на 15 октомври

Дионтеј Вајлдер (42-2-1) се враќа во рингот рингот по двата тешки порази од Тајсон Фјури.

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија договори борба против финскиот удирач Роберт Хелениус (31-3).

Нивниот меч ќе се одржи на 15 октомври во Баркли центарот во Њујорк.

„Сега не можам да се откажам. Научив како се живее боксот од возбудувања, особено кога таква возбуда носи американскиот шампион. Кога тоа ќе се изгуби, нема да има повеќе бокс“, изјави неодамна Дионтеј Вајлдер.

Вајлдер не се натпреварувал од октомври, кога во третата борба против Тајсон Фјури (32-0-1, 23 КО) загуби со нокаут во 11. рунда и го забележа вториот пораз во боксот. „Бронзениот бомбардер“ има скор од 42-2-1 во бокс и има 41 победа со нокаут.

Хелениус, пак, има скор од 31-3 и е во серија од 3 последователни нокаут победи. На 20 мечеви победи со нокаут. Последен го нокаутира Ковначки на крајот на 2021 година во Невада.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON