Дионтеј Вајлдер повторно ја одбрани светската титула откако со нокаут го победи предизвикувачот Џералд Вашингтон во родната држава Алабама.
По дуелот „Брозениот бомбардер“ изјави дека е загрижен дали неговата сила нема да убие некој човек во иднина.
Според американскиот боксер, неговата моќ станува поголема со секој изминат дуел.
„Сакам да ги обединам титулите во тешка категорија, да ги одбранам неколку пати и потоа да исчезнам. Чувствувам дека во даден момент ќе повредам некого толку сериозно што тоа ќе биде крај за него. Ова не е шега. Навистина се чувствувам силно. Колку станувам поискусен, толку и поопасно се чувствувам“.
За 31-годишниот Вајлдер тоа беше првото враќање на рингот по седум месеци, кога во јули го нокаутира Крис Ареола. Шампионот беше подложен на операција на раката која го извади за некое време од акција.