Дионтеј Вајлдер не е загрижен за Александр Усик, кој ќе го направи своето деби во тешка категорија за една недела во Чикаго против поранешниот шампион во кик бокс, Тајрон Спонг. Вајлдер, пак, ќе ја брани титулата во тешка категорија на ВБЦ против Луис Ортиз на 23 ноември во Вегас.
Непобедениот „Бронзен бомбардер“ смета дека непоразениот поранешен неоспорен шампион во полутешка категорија е премал и нема да претставува закана за тешкашите. Вајлдер го пофали Усик за неговата борба, но, сепак, смета дека тоа нема да има никаков ефект врз него во евентуалната борба.
„Аександар Усик не е закана за мене. Премногу е мал за мене. Мислам дека многу се движи и работи, но тоа нема никаков ефект врз мене. Постојат некои прилично добри борци на хоризонтот во Велика Британија.
Ова дете Даниел Дубоа е цврсто. Се чини дека е фокусиран, дисциплиниран и борец кој има некоја мисија која следи. Мислам дека ќе биде добар предизвик. Еден ден ќе стигне до меч за титулата и може да стане шампион. Кој знае?
Јас сум крал, владетел и водач. Имам моќ дури и во мојот јазик. Го поседувам тоа уште од дете, но сега го разбрав. Одам од точката „А“ до точка „Б“ со брзина на молња, бидејќи брзината е моќ. Веќе сум благословен со оваа моќ“, вели Вајлдер.