Вајлдер: Ако не биде ништо со Џошуа, ќе се борам со Бризил или Ковнацки

Ако за следната борба не го договори Ентони Џошуа, Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 КО) планира да се бори со неговиот поранешен противник.

Шампионот на ВБЦ за осмата одбрана на титулата планира меч со Доминик Бризил (19-1, 17 КО). Вајлдер и Бризил имаа инцидент по победата на Вајлдер против Џералд Вашингтон во февруари минатата година.

„Бризил е можен противник за следната борба. Ние дефинитивно имаме незавршена работа. Навистина го сакаам, многу,многу,многу да го повредам. Тоа е нешто за што размислувам. Ќе видиме што ќе се случи“.

„Тоа можеби не е она што скаат да го видат луѓето, но може да го направи она само што може да направиме. Кога некој не сака да се бори тогаш мора да продолжиме понатаму. А кога Џошуа ќе биде подготвен да се бори, тогаш ќе направиме договор“.

На Вајлдер тоа ќе му биде доброволна одбранана титулата, бидејќи реваншот со Бирмејн Стиворн, кој го замени Луис Ортиз по падот на допинг тестот, се води како задолжителна одбрана.

Единствениот пораз во кариерата Бризил го доживеа од Ентони Џошуа. Англичанецот во јуни 2016 година го нокаутира во седмата рунда во првата одбрана на ИБФ титулата. По тој меч 32-годишниот Американец во петата рунда го нокаутира претходно непоразениот полско-нигерискиот борец Изу Угонох (17-1, 14 КО) и славеше со прекин против двократниото предизвикувач за титулата светски шампион Ерик Молина (26-5, 19 КО).

Покрај тоа Бризил, Вајлдер како можен противник со спомена 29-годишниот американски Полјак Адам Ковнацки (17-0, 14 КО), кој минатата година во четвртата рунда го нокаутира неговиот поранешен противник Артур Шпилка.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON