Шампионот на Светскиот боксерски совет во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер – бронзен бомбардер, вербално го предизвика Антонио Тарвер, кој се бореше нерешено со Стив Канингем на средбата на ветераните во тешка категорија.
„Со должна почит на Тарвер, за тоа како се држеше против Канингем, но нема долго време да издржи против „Бронзениот бомбардер“, рече Вајлдер.
Поранешниот светски шампион во лесна-тешка категорија не му остана должен на помладиот колега.
„Чудно е што го реков истото по неговата средба со Ерик Молина“, беше одговорот на Тарвер.
Следната борба на Вајлдер (35 победи, 34 со нокаут) ќе биде на 26 септември. Негов противник ќе биде Французинот Жоан Дјуапа.