Светскиот шампион во бокс во тешка категорија на ВБЦ, Американец Дионтеј Вајлдер (29), изјави дека ќе ја надмине популарноста на својот сонародник, Флојд Мејведер.
„Со текот на времето, сигурен сум дека ќе бидам попопуларен од Флојд. Бидејќи јас сум во тешка категорија, а кон нас вниманието е поголемо. А и многу боксери се обидуваат да се прават такви, какви што не се пред камерите. И кога нема камери околу нив, тие се сосема различни. не ми се допаѓа тоа. Јас не носам маски“.
Следниот дуел на Вајлдер е на 13 јуни во САД против 33-годишниот Ерик Молина.