Светскиот шампион во бокс во тешка категорија во верзиите WBA / WBO / IBF, Владимир Кличко, стана татко. Невечаната сопруга на Кличко, Хајден Пенетир, роди бебе , прв тоа го соопшти Виталиј Кличко.
„Пред минута за прв пат станав чичко. Чекам вести од Володја и Хајден“, беа првите зборови на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Претходно се знаеше дека Владимир и Хајден чекаат девојче. Се уште Владимир Кличко не потврдил официјално дека станал татко . Тој, сепак, не сака многу да зборува на оваа тема и порано дури не сакаше да зборува за тоа дали Хајден е бремена.