Јоел Ромеро во уште еден обид не успеа да дојде до шампионскиот појас. Имено, во главната борба на настанот Белатор 297 во Чикаго, рускиот борец Вадим Немков со едногласна одлука на судиите го победи Кубанецот и го одбрани појасот во полутешка категорија.
Тоа беше 11 победа во низа за Русинот (лани натпреварот против Кори Андерсон беше откажан, мечот беше прекинат во третата рунда поради судир со главите)
Бранителот на титулата ги бираше и непрестано го опсипуваше со удари Ромеро до нов триумф (49-46, 49-46, 49-46).
Немков брзо ја презеде контролата и трпеливо го изгради својот пат до победата. Тој се држеше до планот и беше многу дисциплиниран.
Не дозволи Кубанецот со експлозивните и тешки удари да му ја поремети концепцијата.
Во последната рунда Ромеро го собори Немков, но тоа не беше доволно за да се надополни негативата од бодовите од првите четири рунди.
Серхио Петис во конасловната борба доминираше против Патрицио Питбул и ја одбрани титулата во бантам категорија.
Американецот, без разлика на паузата од година ипол, изгледаше фантастично и убедливо стигна до шестата победа во низа.
Со триумфот против Питбул Петис по вторпат го одбрани шампионскиот појас на Белатор.
„Ги симнувам сите ваши модели од насловната. Време е конечно да ми покажете малку почит. Јас сум вашата следна ѕвезда, сто проценти!, изјави Серхио Петис по мечот.
Патрицио Питбул на овој меч се обиде да го добие својот трет Белатор појас.
Резултати од Белатор 297:
Вадим Немков – Јоел Ромеро – едногласна одлука (49–46, 49–46, 49–46)
Серхио Петтис – Патрицио Питбул – едногласна одлука (49–46, 50–45, 50–45)
Кори Андерсон – Фил Дејвис – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Гехан Сариџам – Даниел Џејмс – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Воведни борби:
Гаџи Рабаданов – Питер Буист – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Рамазан Курамагомедов – Џелил Вилис – КО (колено и удари), Р1 (1:24)
Норберт Новени Јуниор – Камил Онишчук – КО (удари), Р1 (0:46)
Арчи Колган – Емануел Санчез – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Џордан Њуман – Метју Пери – завршница (американа), Р1 (4:20)
Коди Ло – Едвин Чавез – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28).