Вадим Немков: Чувствувам дека сум број 1

Вадим Немков (28) вчера успеа да го шокира светот со нокаутот над Рајан Бадер во Конектикат на Белатор 244. Со оваа победа младиот борец му зеде една од титулите на Бадер и стана првиот руски шампион во полутешка категорија на организацијата. Вадим му се одмазди на Рајан за нокаутот над учителот на Немков Федор Емелијаненко минатата година во битка за титулата во тешка категорија.

Така, Немков влезе во серија од 7 последователни победи, од кои 6 се завршица. Вадим го импресионира сите со настапот против Бадер, а за медиумите изјави дека се чувствува како број 1 во категоријата:

„Се подготвив ментално за време на кампот за фактот дека би можел да станам првиот руски шампион во полутешка категорија на Белатор. Се чувствувам како да сум направил историја. Ова е мал дел од приказната. Победив многу добри борци во оваа категорија и се чувствувам како број 1. Не морав да стигнам до последните рунди, затоа што успеав да ги завршам сите врвни борци против кои се борев.

Се чувствувам како број 1. Точно, сега ситуацијата во категоријата е малку нејасна. Макида ќе се бори против Дејвис и веројатно победникот ќе биде мојот иден противник. Кори Андерсон е исто така со нас, но мислам дека не треба веднаш да добие шанса за титулата. Треба да направи уште една борба пред тоа. На крајот на краиштата, ќе се борам против секој што ќе ми се спротивстави“, изјави Немков.

https://www.instagram.com/p/CELcWUMDprx/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО