Утре, 15 јуни, во Скопје ќе се одржи прв меѓународен турнир Европски куп во кинеско борење (Шуаи џиао)˚, на кој ќе земат учество натпреварувачи од Германија, Франција, Босна и Херцеговина, Шпанија, Италија и Македонија.
Натпреварите ќе се одржат во спортската сала во Осново училиште „Невена Ѓоргиева-Дуња“, Општина Кисела Вода, Скопје.
Технички организатор ќе биде Полициски спортски клуб за кинеско борење „7 Мај-Шуи џиао“ од Скопје, коорганизатор е Полицискиот боречки клуб Безбедност, додека покровител е Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода.
На турнирот ќе биде присутен и Антонио Лангијано, претседател на Европската унија шуаи џиао (ЕСЈУ), а главен судија ќе биде Алеси Пасциули, светски првак и инструктор во кинеско борење (шуаи џиао).
Натпреварите почнуваат во 9:00 часот, во15:30-16:30 е свеченото отворање, а во 16:30 се финалните натпревари, додека во 18:00 часот е доделувањето на наградите.