Утре во Радовиш се одржува Државното првенство во борење за основните општински училишта.
Во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт од Радовиш и Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија, а со поддршка на градоначалникот на Општина Радовиш, ќе се одржи Државното првенство во СРЦ „25 Мај“ со почеток во 11 часот.
На Државното првенство ќе земат учество голем број спортисти-борачи од основните училишта во нашата земја.
Ipon.mk