Утре тројца кикбоксери се борат за медал на Европското првенство

Утре на борилиштата на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција, ќе се појавата петмина наши кикбоксери.

Боите на нашата земја ќе ги бранат Викторија Варадинова, Роберт Костовски, Бобан Илиоски, Митко Ашкилов и Стефан Михајловски. Тројца репрезентативци може да обезбедат бронзен медал со пласманот во полуфинале, тоа се Варадинова, Костовски и Михајловски.

Да потсетиме дека Стефан Михајловски извојува победа со прекин против Аласгар Бахишов од Азербејџан со 2-0. А Марко Тодоров загуби од Французинот Алексис Сотрон 1-2, додека Марко Горневски беше совладан од Славомир Малик од Полска 0-3.

На ЕП настапуваат 850 кикбоксери со 980 натпреварувачи влезови од 39 држави.

Резултати Европско првенство:

Лоу кик
-67 кг
Роберт Костовски – Капуто (Италија) ¼ финале
-86 кг
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка)

Кик лајт
-65 кг
Викторија Варадинова – Иларија ди Цинито (Италија) ¼ финале
-69 кг
Марко Горневски – Славомир Малик (Полска) 0-3
-94 кг
Мите Ашкилов – Селман Јуџел (Турција)

+94 кг
Стефан Михајловски – Аласгар Бахишов (Азербејџан) 2-0
Стефан Михајловски – Блаж Поточник (Словенија) ¼ финале

K-1
-67 кг
Марко Тодоров – Алексис Сотрон (Франција) 1-2

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON