Боксерската федерација на Македонија (БФМ) утре во Скопје ќе го одржи редовното годишно Собраниесо почеток во 11 часот во просториите на Град Скопје.
На девен ред ќе бидат извештајот за работа за 2018 година на БФМ, програната за работа во 2019 година, календарот за натпревари на БФМ за 2019 година, кооптирање на нови членови во Управниот одбор, избор на членови на Надзорниот одбор и точка разно.