Утре во Скопје се одржува Државното карате првенство за сениори.
Првенството ќе се одржи во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ со почитување на сите протоколи за Ковид-19.
На првенството ќе настапат 111 каратисти од 29 клуба. Најмногу натпреварувачи ќе има во кати поединечно 17, а во борби најтешката категорија (+84 кг) е со најмногу учесници 16, потоа следи категоријата до 75 кг со 12 натпреварувачи, а една од највузбудливите ќе биде до 84 кг, иако се само 6 натпреварувачи (Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Виктор Крстевски, Глигор Петков, Иво Цветковски и Бобан Џамѓозов).
Првенството ќе биде посиромашно за најдобриот македонски каратист. Но, меѓу тешкашите ќе го видиме и Мартин Несторовски.
Макпетрол ќе настапи со најмноху натпреварувачи 16, потоа следи Фунакоши Гичин со 11, па Металург, Штип, Олимпик спорт и Сансаи со по 8 натпреварувачи…
Државното првенство ќе пренесува на каналот на МОК.