Утре во Скопје почнува Европското првенство во кендо во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“, на кое учеството го пријавија 38 држави со околу 490 натпреварувачи.
Утре во 16 часот е свеченото отворање од страна на премиерот Емил Димитриев, претседателот на Европската кендо федерација, Алан Докарме и Златко Кексовски, претседател на Македонската кендо и иаидо федерација.
Први на борилиштата излегуваат жените. Во наредните три дена ќе видиме многу асови на овој спорт, кој од ваков калибар з апрв пат се организира во Мaкедонија.
Од таборот на нашата репрезентација велат дека нашите натпреварувачи се подоговтвени и добро се чувтсвуваат и дека нема повреди.
Боите на Македонија ќе ги бранат: Андреј Атанасовски, Менсур Бојда, Владимир Кесковски, Матеј Ивановски, Илија Андреевски, Матеј Јошевски и Марија Манасиевска.
Ipon.mk/В. Д.