Утре во Скопје ќе се одржи Државното првенство за кадети, јуниори и У-21.
За Првенството се пријавени 227 каратисти со 239 натпреварувачки влезови од 51 клуб.
Државното првенство ќе се одржи во салата Архиепископ Доситеј во Кисела Вода.
Овој шампионат, со плејофот, ќе послужат за избор на репрезентацијата за Европското првенство во Биелско-Бијала, Полска, од 7 до 9 февруари 2025 година.