Утре е денот „Д“ за Дејан Георгиевски и Филип Додевски на „Президент купот“ во Анталија

Четвртиот „Президент куп“ во Анталија, Турција, кој е од рангот на Г-2 турнирите (со поголем коефициент) и кој се смета за еден од најсилните настани на планетата во овој олимписки спорт, на кој се присутни скоро сите актуелни олимписки и светски медалисти, до сега е неповолен за нашите репрезентативци, но се очекува настапот нанајквалитетните Дејан Георгиевски и Филип Додевски, а тоа е шанса и за највисок пласман.

Досега на „Президент купот“ настапија јуниорите Филип Стаменов, Марко Аврамовски и, како сениор за прв пат, Анамарија Георгиевска, но сите имаа лош ден, не покажаа скоро ништо од тоа што можат, поправен ќе имаат за неколку дена на „Турцијаопен“, Г-1 турнир.

Утрешниот ден е значаен за македонските  таеквондисти.
Во сеиорска конкуренција Дејан Георгиевски во првата борба ќе се бори против Нурмогамедов од Русија, а потоа треба со најдобриот Американец во овој спорт, олимпиецот Стефан Ламбдин, доколку ги помине овие две битки, во борбата за медал го чека Чо Махама, британска супер звезда, актуелен сребрен медал од Светското првенство и бронза на Олимписки игри во Рио 2016.

„Чо не го добивме за малку пред неколку месеци во Белград, за еден поен! Од другата страна на жрепката се актуелните олимписки и светски шампиони“, велат од нашиот табор.

Филип Додевски во првиот меч ќе се соочи со Чехот Давид Симек, потоа со Норвежанецот Андре Ордеман. Ако ги помине овие препреки понатаму го чекаат олимписки и светски медалисти.

Вредно е да  одбележи дека Македонија досега немала медал на Г-2 Президент купот.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON