Александар Устинов забележа победа во првата рунда над Бразилецот Рафаел Зумабно Лав со ТКО.
Бразилецот уште во првата минута падна во нокдаун, а потоа продолжи да прима удари додека судијата не одлучи да го прекине дуелот.
40-годишниот Устинов стапна на рингот по 17-месечна пауза. Претходниот меч му беше во декември 2015 против со Константин Ерич кого го победи со нокаут во петата рунда.
Сега Русинот ќе го чека победникот меѓу Шенон Бригс и Фрес Оквендо кои ќе се ссретнат на 3 јуни за слободната титула на ВБА.